Претпладне ќе има променлива облачност, а од пладне повремено ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветaрот. Oва денешната прогноза на синоптичарите за скопското подрачје.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
На подрачјето на целата земја се очекува променливо облачно со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме и со услови за појава на град. Максималната температура ќе достигне од 26 до 34 степени.
До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник ќе почне да дува и силен северен ветер, а од среда следува постабилен период.