Поради чествувањето на Гоце Делчев во сабота од вечерва се затвора улицата „Самоилова“

Од денеска се преземаат засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу црквата „Св. Спас“ во Скопје, при што ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот, соопшти МВР.

Мерките почнуваат денеска од 18 часот, по најавениот настан за организирано чествување на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев кој ќе се одржи во сабота во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

-Притоа, од денеска за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“, а на 04.02.2023 година (сабота) посебен режим на сообраќај ќе се спроведе на ул.„Лазар Личеновски“ и ул.„Самоилова“, се наведува во соопштението.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Претходна вест„Анима мунди“ : Кривична одговорност за  лицата кои садистички тепаат куче
Следна вестСтоилковски: Ново бегство во Идризово! Ова е добро организиран мафијашки систем