Темно Режим Светло Режим

Поради излевање на река, воведена забрана за сообраќај на патот Удово – Валандово

Сите патни правци во државата се проодни Сите патни правци во државата се проодни

На патниот правец Удово – Валандово утрово од 05:25 часот е воведена забрана за сообраќај поради излевање на Калковска Река. Сообраќајот се пренасочува на алтернативниот патен правец село Марвинци – Валандово.

Според информациите на Авто-мото сојузот на Македонија, магла има на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека, каде видливоста е намалена до околу 100 метри.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови, со остатоци од кашест снег на некои повисоки места, поради што се препорачува внимателно возење.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска променливо облачно, можни слаби врнежи од дожд и снег

Следниот Пост

Добро е што се поправаат спортските терени, но се е џабе ако здивените скопјани пак на нив вежбаат уништување