Поведена дисциплинска постапка против Вилма Русковска

Донесено е решение со кои се поведува дисциплинска постапка против поранешен основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и против уште две обвинителки од тоа Обвинителство. Во своето денешно соопштение државното Јавно обвинителство наведува дека тоа го донела Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство.

– Постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Комисијата одржа расправа на која го разгледа писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оцени дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Против ова решение на Комисијата, се наведува во соопштението, не е дозволена жалба.

Како следна фаза на постапката, Комисијата ќе закаже седница на која ќе бидат повикани подносителот на предлогот за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и трите јавни обвинителки, кои имаат право да предложат свои докази и непосредно да дадат изјави во врска со поднесениот предлог.

Јавното обвинителство во август годинава соопшти дека е поднесен предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда. Во исто време било доенсено решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител. Тогашната шефица на ОЈГОКК Вила Русковска потврдила за медиумите дека е суспендирана. Случајот настана по претресот на нејзиното Обвинителство во Управата за финансиска полиција. Освен Русковска, во дисциплинската постапка опфатени се и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска кои од Суд барале наредба за претрес, под наводно лажни основи.

Претходна вестНовогодишен концерт на „Танец“, уживање во изворни бисери и кореографии
Следна вестМВР: 15-годишник ги испраќал дојавите за бомби во Кавадарци од својот компјутер