Темно Режим Светло Режим

Повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставен суд

Повлечен e предлогот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставен суд. Јовески беше еден од кандидатите предложени од СДСМ

Предлогот за кандидатот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставниот суд е повлечен, согласно тоа беше исцрпен дневниот ред од 13. седница на Комисијата за избор и именувања и расправата во Собранието на Република Северна Македонија заврши. Денешната расправа беше 25 продолжение на 13.седница на Комисијата на која се одвиваше дебата за кандидатот за уставен судија Љубомир Јовески, кој во меѓувреме се пензионираше и веќе не е јавен обвинител

Јовески беше еден од кандидатите предложени од СДСМ за работа во Уставниот суд.

Advertisement

Уставниот суд подолг период работи во некомплетен состав, бидејќи постапката за избор на нови членови заглави во Собранието.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала

Следниот Пост

Бислимоски: Во јануарските сметки за струја ќе ја нема ставката „пристап кон мрежа“ од 200 денари