Повреден пешак, дипломатско возило учествуваше во сообраќајка на паркинг

Повреден пешак на паркинг во Скопје. Имено, вчера на паркинг пред маркет на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов се случила сообраќајна незгода во која учествувале автомобил со дипломатски регистарски ознаки, управуван од И.И.(50) од Украина, автомобил со скопски регистарски ознаки управуван од Б.Ѓ.(35) од Скопје и пешакот Д.А.(63) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобила Д.А. констатирани од лекар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.

Претходна вестММДЧП финансира отворање на Македонски културен центар во Пиринска Македонија
Следна вестДа почекаме: Бочварски му даде „датум“ на новиот пат до Охрид