Повторно многу смртни случаи: 45 починати за 24 часа и 1.259 нови заразени

Лице од Скопје на 32- годишна возраст е меѓу 45-те починати како последица од ковид во изминатите 24 часа во земјава.

Ова е уште еден трагичен ден, во кој во ковид –статистиката ќе бидат забележани 20 смртни случаи од Скопје (89г , 85г , 84г , 83г ,81г ,81г, 77г , 76г , 76г , 76г ,73,71г, 69г, 68г 67г, 66г,62г,61г, 59г, 32г ), 4 од Битола ( 81г, 62г, 61г, 60г ), по 2 од Велес ( 69 г и 56 г ), Гостивар ( 77 г, и 63 г) , Охрид (84 г и 70г), Струмица (73г и 67г) , Кочани (86г и 74г) и Гевгелија (74г и 64г) , по 1 починат од Куманово (78г) , Кавадарци ( 61г), Штип (61г) ,Кичево (73 г) ,Свети Николе (71г), Ресен (77г), Дебар (75г) ,Пробиштип ( 74г ), и Виница (69г ). Сите се починати во болнички услови.

Во последните 24 часа се направени 4.555 тестирања, а регистрирани се 1.259 нови случаи, од кои најмногу од Скопје – 562, Битола – 97, Куманово – 83, Велес -51, Струмица – 48, Кавадарци – 47, Охрид – 42, Прилеп – 40, Тетово – 38, Гостивар – 34, Гевгелија – 28, Кичево – 26, Штип – 22, Радовиш – 17, Свети Николе и Валандово – по 14, Кочани, Ресен и Берово – по 13, Крива Паланка – 11, Пробиштип – 8, Неготино – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 5, Крушево и Богданци – по 4, Демир Капија – 3, Демир Хисар – 2, Виница, Кратово и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 751 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, на починати е 4.022, а бројот на активни случаи изнесува 21.265, од кои 10.647 во Скопје.

Претходна вестКај нас ќе се истражува зошто за некои ковид е фатален, а за други е лесна болест
Следна вестДесет вработени во МВР штанцале наши пасоши со украден идентитет за меѓународното подземје