Приведен 32-годишен жител на скопски Сарај, во чиј дом се пронајдени поголема количина дрога и куршуми.
Според информациите, се работи за лицето А.Ј., во чиј дом и други простории, при претрес извршен по претходно добиена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје, пронајдени се и одземени поголемо пакување марихуана и 20 куршуми 7.62 мм за автоматска пушка „калашников“.
По комплетно документирање на случајот против А.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.