Вардар во вториот дел успеа да го скрши отпорот на Бутел

Ракометниот првак Вардар во одложениот натпревар против Бутел Скопје во плеј-офот од Суперлигата забележа победа против Бутел Скопје од 25:21 и ја продолжи битката со Еурофарм Пелистер за шампионската титула. Бутел по поразот останува на третата позиција со два бода повеќе од Еурофарм Пелистер 2.

Вардар подобро го почна натпреварот, но пред одморот Бутел успеа да направи серија и на полувреме замина со нерешен резултат 10:10.

Во вториот дел, сепак, ракометарите на Вардар додадоа гас и стигнаа до триумф. Во 45. минута вардарци дојдоа до четири гола позитива (20:16) и успеаја да ја одржат таа предност до крајот.

Куни Моралес беше најефикасен во тимот на Вардар со седум гола, по четири постигнаа Талески и Карапалески. Кај Бутел, Марко Митев беше стрелец на пет погодоци.

Претходна вестПриведен штипјанец кој со туѓа картичка подигал пари и вршел трансакции
Следна вестПретрес во скопски Сарај, пронајдени дрога и муниција, приведено едно лице