Превозниците бараат средба со премиерот, најавуваат радикализација на протестите

smart

Приватните автобуски превозници ги тргнаа блокадите од крстосниците кај „Мавровка“ и Црвен крст со цел како што велат за да се намали хаосот во сообраќајот и да им се овозможи на граѓаните полесно движење, но ќе дежураат 24 часа на Илинденска, сè додека не се направи некој чекор напред за надминување на состојбата. Нивните автобуси засега остануваат паркирани на булеварот „Илинден” пред Градот Скопје.

Тие се се надеваат на средба со премиерот Димитар Ковачевски, на која ќе зборуваат за актуелната состојба. Доколку не се оствари средбата, тие најавија радикализација на протестите.

-Не знаеме кога ќе бидеме повикани. Тоа е на нив, во зависност од обврските на премиерот. Не сакам ни да помислам на тоа што би било доколку не не повикаат. Најверојатно ќе има радикализација на протестите, но сепак за тоа претходно треба да се состане координативното тело на приватните превозници и да ги договориме понатамошните чекори, посочи Кемал Муриќ од „Слобода превоз“, додавајќи дека градските власти не покажуваат никаков интерес да се обидат да ја решат состојбата.

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и од „Макекспрес“ започнаа со блокада на главниот пред две недели и побараа да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Спасовски пред еден месец не убедуваше дека „истрагата само што не покажала кој стои зад бомбите“, а денеска имаме само хаос
Следна вестСДСМ: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се симбол за расипничко трошење на народните пари