Приведен дилер, дома му нашле половина килограм марихуана

Едно лице од Скопје е приведено по полицискиот претрес во неговиот дом.

МВР соопшти дека на 09.12.2022 инспектори од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом и други простории кај А.С. (57) од Скопје.

-При претресот пронајдени се околу половина килограм марихуана, две паковки амфетамин, две ваги шприц со масло од канабис и др. Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти полицијата.

Претходна вестГрковска: Јовески не треба да биде уставен судија
Следна вестВМРО-ДПМНЕ и викеднов ќе прима идеи од граѓаните за општински буџети