ВМРО-ДПМНЕ и викеднов ќе прима идеи од граѓаните за општински буџети

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денес и утре продолжува со акцијата во која граѓаните доставуваат идеи за општински буџети – „Твојата идеја за промени, биди дел од промените што носат иднина”.

Во партиското соопштение се наведува дека од 11 до 15 часот општините ќе бидат отворени за граѓаните да ги достават своите предлог идеи и проекти кои што ќе бидат дел од општинските буџети за 2023 година. Оние граѓани кои нема да можат да ги посетат општините, својата идеја може да ја испратат на budzet.mk и истите ќе бидат разгледани од стручен и професионален тим, а секој проект кој е реален ќе биде реализиран.

За само два дена минатиот викенд се собраа 845 проекти.

-Со тоа покажуваме дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ иновираат и ги слушаат потребите и приоритети на граѓаните. Преку вклучување на граѓаните во работата на општините воведуваме нов начин на работење и делување. Со креирање на општински буџети, граѓаните директно ќе можат да контролираат каде се трошат нивните пари. Заедно градиме модерни и европски општини и создаваме иднина за сите граѓани. 2023та година ќе биде година на инфраструктурен бум, преку изградба на училишни и културни сали, училишта, градинки, улици, водоводни и канализациони системи, паркови и обнова на веќе постоечки инфраструктурни објекти, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Претходна вестПриведен дилер, дома му нашле половина килограм марихуана
Следна вест„Визер“ прекина четири авионски линии од Македонија кон Финска, Данска, Италија и Германија