Приведен маж кој пренесувал огревни дрва без потребните документи

На 15.11.2022 околу 13:45 часот во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 31-годишниот Е.М. од ова село.

Тој бил затекнат на локалниот пат како пренесувал огревни дрва без потребните документи.

Дрвата и моторна пила му се одземени и предадени на Шумска полиција за натамошна постапка, по што против Е.М. ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестНародна банка ја зголеми каматната стапка на 4, 25 проценти
Следна вестОблачно со повремен дожд и ветер