Приведени се двајца малолетници од Скопје поради краба, соопшти полицијата.
МВР информира дека по преземените мерки и извршени оперативни проверки, полициски службеници од Отсекот за општ криминал од криминалистичката полиција при СВР Битола во содејство со полициски службеници од Полициско одделение Шуто Оризари констатирале дека двајцата малолетници на 12.10.2022 во колонијална продавница на улица „Широк Сокак” во Битола физички ја нападнале вработената и одзеле пари.
-Во службен разговор во полициска станица, извршен во присуство на старатели, тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




