Драмата во семејството Бекам и понатаму е во фокусот на јавноста, откако односите меѓу најстариот син Бруклин и неговите родители, Дејвид и Викторија Бекам, очигледно се нарушени. Ситуацијата дополнително се заостри по тврдењата дека зад расколот стојат финансиски и семејни несогласувања поврзани со сопругата на Бруклин, актерката Никола Пелц.
Според странските медиуми, Никола Пелц, снаата на Бекамови, добива месечен џепарлак од дури еден милион долари од својот татко, милијардерот Нелсон Пелц. Наводно, токму со тие средства се издржува и Бруклин, што, според извори блиски до семејството Пелц, било причина за незадоволство и тензии меѓу двете фамилии.
Иако името на Нелсон Пелц не е толку медиумски експонирано како Бекамови, неговото богатство значително го надминува нивното. Се проценува дека неговата нето-вредност изнесува околу 1,6 милијарди долари, додека богатството на Дејвид и Викторија Бекам се проценува на околу 680 милиони долари. Извори наведуваат дека семејството Пелц сметало дека Бекамови не му обезбедиле доволна финансиска сигурност на својот син.

Дополнително масло на огнот донесоа и информациите дека Бруклин и Никола живеат во луксузна вила во Холивуд вредна околу 11 милиони фунти, чија сопственичка е токму Никола. Исто така, се шпекулираше дека предбрачниот договор бил една од главните точки на несогласување, поради што Дејвид и Викторија стравувале дека нивниот син е „заробен“ во односот.
По подолг период молк, за првпат јавно се огласи и таткото на Никола Пелц. На еден финансиски настан, 83-годишниот бизнисмен избегна директно да коментира за конфликтот, но сепак даде кратка изјава:
„Моето семејство било во медиумите неодамна? Не сум забележал…“, се пошегува тој, додавајќи дека неговиот совет до ќерката и зетот е да се држат подалеку од медиумите.
„Ќерка ми е супер, мојот зет Бруклин е супер и им посакувам долг и среќен брак“, изјави Пелц.
Во меѓувреме, Дејвид и Викторија Бекам не одговорија директно на обвинувањата. Напротив, тие се појавија во јавност заедно со останатите три деца, испраќајќи порака на единство, иако според медиумите, зад затворени врати односите во семејството остануваат нарушени.
Темата за односот меѓу Бруклин Бекам и неговото семејство, како и влијанието на семејството Пелц, и натаму останува отворена, а јавноста внимателно ги следи сите нови случувања.




