Променливо облачно со попладневен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м2), соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во попладневните и вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во вторник ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Претходна вестФФМ: Бидете поддршка за Македонија со фер навивање на утрешниот меч против Бугарија
Следна вестВикендот ги преопушти: 20 пијани возачи, секој втор казнет возел пребрзо…