Викендот ги преопушти: 20 пијани возачи, секој втор казнет возел пребрзо…

Вчерашниот последен ден од викендот, се чини, ги преопушти скопските возачи. Тоа го покажува и билтенот за вчерашните контроли на сообраќајната полиција на скопското подрачје.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР за извршените контроли.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за некористење сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, укажа полицијата.

 

Претходна вестПроменливо облачно со попладневен дожд
Следна вестТриумф на крајната десницата во Италија: Џорџа Мелони ќе биде прва жена премиер