Променливо облачно со сончеви периоди

Наутро со услови за појава на магла во одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди и потопло. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови.

Температурата изутринава се движеше од 0 до 8 степени, а преку ден ќе биде од 11 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно, наутро со појава на значителна ниска облачност. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура изнесуваше 3, а преку дена ќе достигне 14 степени.

 

Претходна вестМожен ли е нов конфликт, Бразил распореди војска на границата со Венецуела
Следна вестСкопје утринава меѓу десетте најзагадени градови во светот