Утре со почеток во 19 часот во Младинскиот културен центар ќе се одржи промоција на збирката раскази „Класифицирано“ од Лилјана Пандева.
Лилјана Пандева е родена во 1964 година во Ново Село, Струмица. Таа е дипломиран професор по литература и македонски јазик и доктор по филолошки науки.
Нејзини досега објавени дела се: драмолетите за деца „Новогодишни едночинки“; расказите „Канцелариски колумни“; стихозбирката „Љубов од А до Ш и обратно“; романите „Од агендата на Калина Калин“, „Возовите на Луцерн“, „Доилката“ (добитник на наградата „Стале Попов“) и „Дневници на една љубов“. Нејзините дела се преведени на германски, на српски и на руски јазик.