„Нека играат децата“ е првата книга на младиот писател, 33-годишниот Денис Бојаров, што ќе биде промовирана вечерва на платото пред МКЦ од 20 часот.
Станува збор за збирка раскази наменета за различни возрасни категории, која обработува социолошки, психолошки и филозофски теми поврзани со децата, со семејството, но и со човекот воопшто.
Писателот Венко Андоновски за првенчето на Бојаров вели дека е вешто и мајсторски напишано и со префинет стил.
-Се работи за поучни раскази што носат многу силна порака и што ќе ви послужат да ги стоплите односите во семејството, ќе ја разбудат емпатијата во вас, ќе ве потсетат, научат и освестат за вашиот однос и внимание кон децата, животните и природата, ќе ви овозможат да доживеете душевен ораториум, вели Андоновски.