На македонските граѓани, како и на оние од земјите од Западен Балкан, нема да им биде дозволен влез во земјите од Европската унија до септември.
Оваа одлука е потврдена денеска од амбасадорите на земјите членки на ЕУ, јави дописникот на „Н1“ од Брисел.
Оценката на амбасадорите е дека епидемилошката состојба во земјите од Западен Балкан е доволно лоша, поради што, само се потврди претходната одлука. Иако во претходниот период одлуките за тоа кои земји остануваат вон ЕУ се донесуваа на секои две недели, денешната одлука е за период од еден месец, до септември.
Промена на оваа одлука може да има за земји со драстично подобрување на епидемиолошката состојба.