Граѓаните жестоко контра „Водовод“: Наместо да простувате долгови, вие дури ја „сечете“ можноста за плаќање на рати!

Утре завршува акцијата за наплата на долговите кон „Водовод и канализација“ на рати без камата. Претпријатието ги повикува граѓаните до утре да побрзаат и да склучат договори инаку предвидени да се исплаќаат на 24.

-Досега 370 корисници ја искористија можноста за склучување на договори за исплата на долговите на рати без камата. Вкупниот износ за кој се склучени договорите за исплата на рати без камата е околу 24.000.000 денари, пишува во соопштението од јавното претпријатие.

Акцијата на „Водовод и канализација“ беше поздравена на самиот почеток, но сега граѓаните реагираат дека не смее да се прекине оти кризата заради корона вирусот дополнително ги влошува финасиските неприлики на речиси секој Македонец.
-Зошто рокот да истекува утре?! Зарем не треба да сте одговорна и свесна фирма која ќе им помогне уште повеќе на оние заради кои постои – граѓаните?! Не сте ли свесни дека допрва ќе ни требаат рати за одложено плаќање, уште полошо: бришење на долговите сигурно ќе ни треба, а наместо тоа вие рокови поставувате за да скастрите плаќање на рати?! Треба сите јавни претпријатија максимално да ги олеснат долговите на граѓаните и каматните обврски, доволно се обогатија на наш грб, сега е време да покажат грижа за своите граѓани… – се само дел од реакциите на граѓаните.

Критиките не стивнуваат. Луѓето бараат и одат до таму што сакаат да се ревидира работата на јавните претпријатија кои се исклучиво буџетари – во кои освен што партиите си ги менуваат директорите – кој како дојде на власт, вистинска стратешка реорганизација само во интерес на граѓаните не се почувствувала на дело.

– Еве „Водовод и канализација“ се обиде да покаже грижа за корисниците ама се гледа дека тоа било кусо и наменски – сега го сече рокот за плаќање на рати без воопшто да ја стави „на маса“ дилемата: време ли е?! – порачуваат граѓаните.

Претходна вестАлбанскиот амбасадор во име на Еди Рама му ја честита победата на Ахмети
Следна вестПромоција на првенчето на младиот писател Денис Бојаров, вечерва во МКЦ