Албанскиот амбасадор во име на Еди Рама му ја честита победата на Ахмети

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во партиското седиште во Тетово оствари работна средба со албанскиот амбасадор во земјата, Фатос Река.

На средбата Река ги пренел честитките од албанскиот премиер Еди Рама упатени до Ахмети во однос на победата на предвремените парламентарни избори, кои во земјата се одржаа на 15 јули.

Ахмети, пак, посочил дека ДУИ нема да отстапи од црвените линии, односно Охридскиот, преспанскиот и договорот за добрососедство со Бугарија, но и од партиските предизборни ветувања.

„Соговорниците го оценија изборниот процес како примерен и целосно регуларен, како што ѝ прилега на земја членка на НАТО и во преговори за членство во Европската Унија“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Претходна вестМакедонија и Албанија заеднички преку искуствениот туризам се развиваат во регионот
Следна вестГраѓаните жестоко контра „Водовод“: Наместо да простувате долгови, вие дури ја „сечете“ можноста за плаќање на рати!