Фрагмент од фреска со рака на светител е пронајден при археолошките истражувања на локалитетот Градиште – Бислим, во село Пчиња. Годинава се истражувал источниот дел од локалитетот кај откриената ранохристијанска црква.
Како што наведува раководителот на ископувањето, археологот Дејан Ѓорѓиевски при истражувањето наишле на постари фрагменти од фреско декорација, со геометриска орнаментика, кои датираат од втора половина на 4 или почеток на 5 век.