Протест за слобода на осудените за упадот во Собранието: Ги осудија врз лажни сведоштва

Демократија во Македонија, слобода за уставобранителите – ова е слоганот под кој денеска во 11 часот, ќе се одржи протест во знак на поддршка за осудените за настаните од 27 април во Собранието. Најавено е дека протестот ќе почне од пред Владата и потоа со марш ќе заврши пред Собранието на Македонија.

-Во затвор се патриоти кои се осудени како да се терористи. Ги теретеа врз основа на лажни сведоштва, е една од многуте пораки на социјалните мрежи од граѓаните кои имаат намера да се приклучат на протестот.

За потсетување, за упаѓањето во Собранието, судечкиот совет предводен од судијката  пресуди вкупно 211 години затвор за обвинетите во овој случај. Апелацискиот суд подоцна ги намали казните, но за само една или две години. Единствен ослободен од вината беше Игор Дурловски. Се очекува со негова изведба на македонската химна да започне протестот.

Поддршка на протестот дава ВМРО-ДПМНЕ.

-Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест, напиша Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Претходна вестСончево со температура до 20 степени
Следна вест2.386 фирми во скопско повеќе или помалку придонесуваат за загадувањето