Темно Режим Светло Режим

Протестна нота од бугарското МНР поради отстранување на бугарското знаме во Битола

Привремениот шеф на нашата амбасада во Софија, Владимир Крстевски денеска беше повикан во Министерството за надворешни работи на Бугарија, каде му е врачена протестна нота поради отстранување на бугарското знаме во Битола.

Инцидентот се случи на 28 август 2021 година кога е отстрането знамето на Бугарија, сместено до канцеларијата на Службата за трговија и економски прашања при Генералниот конзулат на земјата во Битола.

Бугарија изразила длабока огорченост поради инцидентот, како и дека секое  изразување омраза против друга земја или нејзините граѓани, е во спротивност со основните вредности на модерните демократски општества и го попречува воспоставувањето на добрососедски односи.

Во официјалното соопштение по состанокот, бугарското Министерство за надворешни работи ја прифати јавната реакција на нашето МНР, во која остро беше осуден вандалскиот чин и беше ветена истрага и изведување на сторителите пред лицето на правдата.

За време на состанокот, бугарските власти ја изразија својата загриженост за честите случаи на напади и агресија предизвикани од омраза кон Бугарија, вклучително и против државјани на Македонија со бугарско потекло.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Кошаркарите во група со светскиот првак Шпанија

Следниот Пост

За вакцинираните лица од Македонија нема карантин во земјите на ЕУ