Приведен битолчанец, крадел ролни железо од РЕК „Битола“

Полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола вчера го лишиле од слобода А.М.(38) од Битола, осомничен за извршена тешка кражба во РЕК „Битола“, од каде се одземени ролни железо од Рудникот Брод, сопственост на РЕК „Битола“.

-Пронајдените предмети се вратени на сопственикот, а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

А.М. бил приведен на стариот пат Прилеп – Битола додека управувал патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки.

Претходна вестСпасовски: Група македонски државјани испраќала лажни дојави за бомби во училишта и други објекти
Следна вестПланина на која е забрането да се качи човек