Темно Режим Светло Режим

Прва посета на Муцунски во Варшава

Муцунски: Значаен исчекор во економската соработка со САД Муцунски: Значаен исчекор во економската соработка со САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во работна посета на Полска.

Како што информира Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, посетата се реализира на покана од полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски.

Станува збор за прва билатерална посета на Муцунски на Варшава, при што во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на односите меѓу двете земји, со посебен акцент на економската соработка, трговската размена и привлекувањето нови полски инвестиции.

Дополнително, се очекува да биде реафирмирана поддршката од Полска за македонските евроинтеграции, како и да се разменат мислења за актуелни регионални, европски и глобални безбедносни прашања.

Во рамки на посетата е предвидена тет-а-тет средба меѓу двајцата министри, по што ќе следи пленарен состанок на делегациите, како и заедничка прес-конференција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Претседателката со академско обраќање на Правниот факултет во Хрватска

Претседателката со академско обраќање на Правниот факултет во Хрватска

Следниот Пост
Поднесено обвинение за пожарот во дивата депонија во Визбегово од минатото лето

Украле кабли вредни над 190.000 денари, направиле штета од 800.000