Од вечерва до 13 август се одржува првиот „Flipbook Film Festival“ во Младинскиот културен центар. Станува збор за филмски фестивал на кој од пристигнатите повеќе од илјада кратки филмови од цела Европа, беа селектирани вкупно 87 филмови во три натпреварувачки програми и панорама на европски анимиран филм.
-Ќе се натпреваруваат по 25 филмски наслови, а ќе бидат прикажани филмови од најдобрите европски школи: хрватската, белгиската, чешката, француската, информираат од МКЦ.
На фестивалските вечери ќе можат да бидат видени филмовите на Иван Андреевски, Вук Митевски, Саша Станишиќ и студентските филмови на Сандра Јовановска и Кристијан Савиќ. Заради ситуацијата со коронавирусот, Flipbook Film Festival ќе има и онлајн издание.