Темен режим Режим на светлина

Расправија во Струга прераснала во пукање и физички напад, повредени граѓанин и полицаец

Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

Основното јавно обвинителство Струга отвори истрага против 34-годишен жител на селото Велешта, осомничен за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, предизвикување општа опасност и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Инцидентот се случил пред три дена )16 септември), кога осомничениот, за време на расправија со тројца жители на Дебар со кои имал претходно нарушени односи, извадил пиштол кој незаконски го поседувал и испукал неколку куршуми кон едно лице, погодувајќи го во долниот дел од нозете. Оштетениот задобил две лесни телесни повреди.

По пукањето, осомничениот се обидел да избега со возило. Иако полициски службеник му наредил да застане, тој не ја послушал наредбата и движејќи се наназад го удрил полицаецот, нанесувајќи му телесна повреда.

При увидот, во возилото биле пронајдени и нож и метална шипка, поради што ќе се вршат дополнителни проверки за нивната можна употреба во настанот.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. – Скопје1.мк

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Минчев најави крај за партиските вработувања во администрација, ќе се намалуваат за 40%

Следна објава

Мицкоски очекува посуштински разговори со Софија дури по нова година