Роман на годината за 2020 е „Скриени желби, немирни патувања“

По неколку стеснувања на селекциите „Скриени желби, немирни патувања“ на Владимир Јанковски во издание на „Антолог“ е избран за роман на годината за 2020 година.

Како што информираше досега „Скопско ехо“ во конкуренција беа 41 роман.
-Најновото книжевно остварувње на Јанковски романот ‘Скриени желби, немирни патувања’ е впечатливо дело, оригинална иновација во македонската литература. Со исклучително занимлива колажна структура, базирана врз животна уверливост и многуслојност, оваа проза пулсира со ново преосмислување на човечките односи, перципирајќи го светот како единствена мрежа од концепти и судбини што се развиваат во перспективи и во меѓусебна корелација. Неколкуте приказни, соопштувани во лапидарни секвенции, го градат овој мозаичен роман ширејќи ја убедливо неговата првобитна поставеност, се вели во образложението за одлуката на жири-комисијата.

Писателот Јанковски ѝ се заблагодари на фондацијата „Славко Јаневски“ истакнувајќи дека со целиот свој редовен ангажан околу доделувањето на наградите, Фондацијата успева успева да ја зголеми видливоста на романската продукција во време кога литературата не е доволно застапена во јавната сфера.

Претходна вестАко ЈСП има преземено мерки против ковид, тогаш зошто во 24-ка е како во продавница за топол леб?
Следна вестОблачно со повремено сонце и засилен ветер