Темен режим Режим на светлина

Русите соборија 42 дрона над Крим

Руската воздушна одбрана уништи 42 украински беспилотни летала над полуостровот Крим рано утрово, соопшти руското Министерство за одбрана на Телеграм.

– Во текот на ноќта на Крим беа соборени 42 украински беспилотни летала, од кои 33 беа потиснати со електронско војување, а 9 беа соборени со противвоздушна одбрана. Во текот на ноќта беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напади со беспилотни летала на територијата на Руската Федерација, соопшти руското Министерство за одбрана.

Претходно гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев изјави дека над морето се уништени неколку беспилотни летала, а нема повредени или оштетувања на инфраструктурата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ескобар: Нема да вршам тортура врз никого, САД не избира влади за земјите членки на НАТО

Следна објава

Додека чекаат на учебниците учениците и наставниците на располагање ќе имаат помошни материјали и прирачници