Саботно дивеење по скопските улици: Казнети 210 возачи, секој втор за пребрзо возење

Вчерашниот викенд-ден донесе вистинско дивеење на возачите по скопските сообраќајници. Тоа го потврдува и полицискиот извештај за изречените казни поради најразлични прекршоци.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции, се наведува во извештајот.

Тоа значи дека секој втор казнет возач санкцијата ја добил поради прекршувањето на максимално дозволената брзина од 50 километри на час. Очигледно, возачите на скопското подрачје и натаму не се дисциплинираат и го загрозуваат сообраќајот на ваков начин.

Вчера биле изречени и шест мерки за возење без возачка дозвола и 10 санкции за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за возач почетник…, соопшти полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, укажувата од МВР.

Претходна вестВнимателно со возењето по булеварот „Киро Глигоров“ и на Водно, воведен посебен режим
Следна вестВМРО-ДПМНЕ и СДСМ пребројуваат: Има ли непослушни пратеници во спротивниот табор?