Внимателно со возењето по булеварот „Киро Глигоров“ и на Водно, воведен посебен режим

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ Скопје соопшти дека денеска на булеварот „Киро Глигоров“, на потегот од Бриколаж до булеварот АСНОМ, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.

– Времениот режим се воведува поради активностите за обележување на хоризонтална сигнализација на булеварот во периодот од 7 – 19 часот, информираат од претпријатието.

Министерството за внатрешни работи, пак, ги известува граѓаните дека денеска, со почеток во 10.00 часот поради најавена атлетска трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на планината Водно.

-Рутата на движење на атлетската трка е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св. Пантелејмон и обратно. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, се наведува во соопштението

Претходна вестРусија ќе распореди нуклеарно оружје во Белорусија
Следна вестСаботно дивеење по скопските улици: Казнети 210 возачи, секој втор за пребрзо возење