Иранскиот воен советник Мохсен Резаи изјави дека Иран е подготвен за евентуално распоредување на американски копнени сили во регионот, нагласувајќи дека „ги чекаат“.
Во објава на социјалната мрежа Икс, Резаи го доведе во прашање ефектот од евентуална копнена операција, посочувајќи дека, според него, американската воздушна надмоќ не донела резултати. Тој порача дека евентуалното испраќање копнени трупи би значело дополнително заострување на конфликтот.
Резаи неодамна е назначен за советник на врховниот лидер Моџтаба Хамнеи, а во минатото ја извршувал функцијата командант на Иранска револуционерна гарда.
Во меѓувреме, Иран ги засилил одбранбените активности на островот Харг, кој има стратешко значење за извозот на нафта. Според извештаи, распоредени се дополнителни воени сили, системи за воздушна одбрана и заштитни позиции околу крајбрежјето.
Покрај тоа, се наведува дека се поставуваат и мини во потенцијалните зони за слетување, како дел од подготовките за можен обид за преземање на островот.
Истовремено, администрацијата на Доналд Трамп, според медиумски информации, разгледува опција за користење копнени сили за заземање на островот во Персиски Залив, кој е клучен за иранскиот извоз на сурова нафта.




