Познатото здружение „Македонски Манифаст“ синоќа одбележа 15 години од своето делување. Во 2008 година повеќе видни граѓани на Македонија го формираа здружението со цел – одбрана на македонизмот, македонското име и постоење меѓу народите.
-Ситуацијата е сложена, Македонија е под силни закани и притисок. Но, нема ниту време ниту место за разочарување. Македонците, храбрите, чесните мора да се борат и мора да победат, беше речено на манифестацијата.
По повод јубилејот се одржа и промоција на нова нивна книга насловена „Само Македонија“. Во неа има текстови од повеќе автори и од промоторот беше преставена како „антологија на македонството“.
Настанот во преполната сала во Скопје беше проследен со цитати од книгата и настап на познати музички уметници.




