Само три нови пациенти со ковид примени во Скопје во 24 часа

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје има  3 хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 57 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ исто така е примен еден пациент, и еден нов заболен е хоспитализиран на  Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 140.

Претходна вестАкција во Прилеп: Четири лица организирано на диво сечеле и продавале дрва
Следна вестМузичарите и порачаа на Владата: Нема свирки, нема мир