Акција во Прилеп: Четири лица организирано на диво сечеле и продавале дрва

Полицијата во Прилеп во изминатите неколку дена привела четири лица и одзела 11 возила кои се користеле за транспорт на дива сеча.

Акцијата е спроведена во периодот од 28.05.2021 до 03.06.2021 при што е откриена оваа организирана група која бесправно сечела дрва и ги продавала.

Привремено се одземени 11 возила кои се користеле за транспорт на дрвата, а одземена е и поголема количина на исечено дрво, која е предадена на шумската полиција. Приведени се четири лица, за кои по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до Основното јавно обвинителство Прилеп, се вели во соопштението до МВР. 

Претходна вестСо целосно вакцинирани 6% граѓани, Филипче го прашаа дали ќе донираме вакцини?!
Следна вестСамо три нови пациенти со ковид примени во Скопје во 24 часа