Со целосно вакцинирани 6% граѓани, Филипче го прашаа дали ќе донираме вакцини?!

Граѓаните кои примиле прва доза од вакцината против ковид, да не стравуваат дека ќе останат без ревакцина, смирува денеска министерот за здравство Венко Филипче, откако бројките на вакцинирани последниве денови паднаа на околу 2 000 дневно, што сугерра дека во земјава нема вакцини.

-Од секоја пратка, како што пристигнува, половина се издвојува за втора доза. Тоа е добра стратегија имајќи ги предвид одложувањата, рече Филипче, одговарајќи на новвнарско прашање.

Во однос на состојбата со вакцините, Филипче и денеска го повтори она што го кажа и изминатите денови – а тооа се очекувања: дека секој понеделник стигнуваат по околу 10 000 дози „Фајзер“, дел од билатералниот договор и дел преку системот за солидарност од ЕУ, се очекуваат уште стотина илјади од истите вакцини преку Ковакс, иако сѐ уште нема конкретен датум ниту динамика за испорака, дека следните седум дена ќе добиеме половина милион „Синовак“.

За руските вакцини рече сѐ уште немаме најава кога ќе дојдат.

Но, убедливо како едно од најчудните прашања што му ги поставија ноинарите на Филипче беше она дали Македонија ќе се одважи да донира вакцини за земјите кои немаат доволно?!

Прашањето е чудно особено ако се има предвид дека најголем дел од вакцинираните во изминатите десетина дена се главно лица кои примаат втора доза, а бројот на вакцинирани заклучно со вчера во земјава е нешто над 279.000, од кои половината се целосно.

Претходна вестРаспишан конкурсот за истражувачки проект од областа на ликовната критика
Следна вестАкција во Прилеп: Четири лица организирано на диво сечеле и продавале дрва