Санкции за 4 лица од Косово, нелегално работеле во Македонија

На 23.09.2022 при контрола на објект во изградба на ул.„Максут Сдаик“ во Скопје, сопственост на Х.Ќ. од Скопје, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Скопје ги затекнале Д.Ф.(57), Д.С.(51), Д.Б.(47) и К.И.(55), сите од Косово.

По извршените проверки било констатирано дека нелегално работеле на објектот.

Од судија од Основен суд Скопје 1 против нив ќе бидат изречени соодветни санкции по Законот за странци.

Претходна вестУтре посебен режим на сообраќај во Скопје
Следна вестМакедонскиот ракомет обвиен во црно: Почина Андон Бошковски