Темно Режим Светло Режим

СДСМ: Цените на дизелот се покачија, растат и цените во маркетите – мерката на Мицкоски без ефект

СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион? СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион?

Од СДСМ реагираат дека само еден ден по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски повторно е регистрирано зголемување на цената на дизелот, овојпат за 3,5 денари по литар, со што достигнал 95,5 денари.

Од партијата посочуваат дека ова е трето последователно поскапување и дека вкупниот пораст на цената изнесува 24,5 денари по литар.

Според СДСМ, најавените економски мерки не дале резултат, а намалувањето на ДДВ од 18% на 10% не придонело за стабилизација на цените. Тие тврдат дека граѓаните продолжуваат да плаќаат поскапо гориво, што се одразува и врз цените на храната.

Во реакцијата се наведува дека веќе има поскапување на основните прехранбени производи, меѓу кои масло, јајца, месо и зеленчук, што дополнително го оптоварува семејниот буџет.

СДСМ предупредува дека без итни мерки за контрола на цените, економската состојба може да се влоши и да се продлабочи сиромаштијата.

Поради тоа, од партијата повторно ги повикуваат надлежните да ги прифатат нивните предлози, меѓу кои нула ДДВ за храната, намалување на акцизите за 4 денари и намалување на ДДВ за горивата на 5%.

Според нив, ваквите мерки би придонеле за намалување на трошоците и олеснување на животниот стандард на граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Браво за ОКТА: Дополнителен попуст од 3 денари по литар за дизел горивото

Браво за ОКТА: Дополнителен попуст од 3 денари по литар за дизел горивото

Следниот Пост
Полицијата ќе поднесе пријава: Син осомничен за напад со нож врз татко си

Инцидент во Скопје: 23-годишник заврши во болница со повреди од нож