СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во клинч: Чиј е Апасиев?

Кому е продолжена рака партијата „Левица“? Ова прашање често го наметнуваат во јавноста и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ.

Еве денеска на ова за нив важно прашање повторно се осврна владеачкиот СДСМ:

-Левица кочи и блокира закони на штета на граѓаните. Апасиев и Крмов работат како продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ, со истата деструктивна матрица како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, со блокади и опструкции на важни закони за граѓаните и државата, стопи во соопштението на партијата на Зоран Заев.

Во опозициската партијата на Христијан Мицкоски пак често потенцираат дека „Левица“ е продолжената рака на СДСМ. И од таму се редат напади кон Димитар Апасиев и партијата која ја раководи.

-Само и сега не одговори дали и колку е дебело пликото кое го зема од Струмица за да го руши рушењето на Зоран Заев преку неединство во опозицијата. Добро е да се види како (демек само во негов уникатен стил) ги ‘вреѓа’ медиумите кои не го ‘мазат’ Заев, а во исто време се ‘лиже’ и ‘коленичејќи’ моли да гостува кај нив. Нема полошо … НЕМА … од лажни ликови, FB патриоти, квази политичари, лигуши…, напиша пред извесно време пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

И така… „Левица“ е под „опсервација“ на двете најголеми македонски партии. Ќе трае ли тоа уште долго? Нема ли Македонија поважни работи кои треба да се постават како прашања ( а и да се бараат одговори) особено од страна на СДСМ кој е на власт? Можеби нив проблем им е Апасиев, ама во државата има многу вистински дилеми и проблеми кои ги мачат граѓаните.

Инаку, Апасиев одвреме на време само ќе каже дека и Заев и Мицкоски му се политички противници и си делува…

Претходна вестБидете внимателни кога ни го спомнуваат идентитетот!
Следна вестЕден заразен и тројца починати од ковид во 24 часа