Еден заразен и тројца починати од ковид во 24 часа

Од направени 1.375 тестирања во изминатите 24 часа, а регистриран е 1 нов случај на Ковид-19 и тоа во Куманово.

Но, има пријавени 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г), сите починати во болнички услови.

Регистрирани се 204 оздравени пациент.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464, од кои половината во Скопје.

Претходна вестСДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во клинч: Чиј е Апасиев?
Следна вестВикендов 927 наши државјани се вакцинирале со прва доза во Врање