СДСМ:Изградивме и обновивме 1.400 километри патишта, ВМРО-ДПМНЕ само 600

Во изминатите години, СДСМ со своите одговорни политики создаде резултати што прават разлика, соопшти денеска владечаката партија.

Во соопштението се наведува дека во секој сегмент СДСМ има постигнато далеку подобри резултати во пократок период споредено со ВМРО-ДПМНЕ.

-1.400 километри патишта изгради СДСМ за шест години, додека ВМРО-ДПМНЕ само 600 километри и тоа за период од 10 години. Со довршување на патиштата што сега се градат, но и со реализацијата на коридорите 8 и 10 Д бројот на километри изградени патишта ќе стане уште поголем, а разликата уште повеќе изразена, се потенцира во партскиот став.

Се додава дека резулати и исполнети ветувања што прават разлика во секој сегмент е најсвојствено за СДСМ.

-Како најгопема, најсилна и државотворна партија продолжуваме со реализација на мерките и политиките што носат резултати и го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани, наведуваат од СДСМ.

Претходна вестЕвроскептицизмот во пораст, секој четврт македонски граѓанин против членство во ЕУ
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Домазетот во владата Ковачевски и Груби ќе потрошат дополнителни 11 милиони евра за надзор над коридорите