Темно Режим Светло Режим

СДСМ: Како 5 тони дрога ја поминале границата и кој дозволил „40 фудбалски стадиони“ марихуана

Нема одговор од МВР – Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница, реагираат од СДСМ Нема одговор од МВР – Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница, реагираат од СДСМ

СДСМ обвини дека власта не дава одговор како 5 тони дрога ја поминале македонската граница и завршиле во Србија, оценувајќи дека станува збор за „најголемиот нарко скандал“, се наведува во соопштението на партијата.

„16 дена јавноста чека одговор како 5 тони дрога ја поминале македонската граница и завршиле во Србија. Нема одговор кој од власта ќе одговара за најголемиот нарко скандал“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата тврдат дека наместо одговори, јавноста добива различни информации за запленета марихуана и обиди за дефокус.

„Наместо одговори, гледаме дефокус, лицитирање со бројки за запленета наводно нелегално произведена марихуана во Македонија и обиди за заташкување на скандалот“, стои во соопштението.

СДСМ го спомена и премиерот Христијан Мицкоски, наведувајќи дека тој изнесувал различни проценки за количините на запленета марихуана.

„Премиерот Мицкоски лицитира со 25, 40, па и 100 тони запленета марихуана, наводно нелегално произведена. Ако навистина станува збор за нелегално производство од такви размери, тоа отвора уште посериозно прашање за одговорноста која мора да се прошири на повеќе институции токму во власта“, наведуваат од партијата.

Во соопштението се поставува и прашањето како било можно нелегално производство од толкав обем без институционален надзор.

„Како се произвела марихуана на површина од речиси 40 фудбалски стадиони, наводно нелегално, а институциите не знаеле, не провериле, не контролирале? Одговорност мора да има и за МВР и за Здравство и за Земјоделие и за инспекторати, за сите што требало да контролираат, а не контролирале“, се додава во реакцијата.

СДСМ повика власта да даде одговори за случајот и да се утврди одговорност.

„Наместо дефокус и бегање од одговорност, власта да одговори: Како 5 тони дрога ја поминале границата и кој дозволил во државата да никнат 40 фудбалски стадиони марихуана? СДСМ нема да дозволи овој скандал да се заташка. Одговорност мора да има – за сите“, се наведува во соопштението на партијата.

Соопштението е испратено од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Им даде ли Брисел на камионџиите „датум“, како што со години и дава на Македонија?

Им даде ли Брисел на камионџиите „датум“, како што со години и дава на Македонија?

Следниот Пост
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче доделиле лиценца на фирма за производство на канабис од која се запленети 30 тони марихуана