СДСМ: Само очајни политичари како Мицкоски газат државни позиции во спорот со Бугарија

Само очајни политичари како Христијан Мицкоски блокираат Собрание во време на криза и газат државни позиции во спорот со Бугарија во клучни моменти, обвини денеска СДСМ.

Во партиското соопштение се наведува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е лажен патриот.

-Мицкоски не е само неодговорен, тој е лажен патриот кој дома зборува едно а надвор на Конгрес на ЕПП поддржува Резолуција која ги афирмира позициите на Бугарија. Со денови Мицкоски молчи и бега од одговор на прашањето зошто и го прави ова на сопствената земја, на сопствениот народ.

Од СДСМ порачуваат дека на граѓаните им е премноги од деструкциите на Мицкоски.

-Во време на најголема светска економска криза Мицкоски ја блокираше работата на Собранието, ги кочеше законите на сметка на граѓаните. Само во едно е константен Мицкоски, по секоја цена го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението.

Претходна вестОбвинителството побара притвор за 16-годишникот кој во сообраќајка усмртил жена
Следна вестСрпскиот патријарх Порфириј му го врачи Томосот за автокефалност на на МПЦ-ОА на архиепископот г.г. Стефан