СДСМ: Струјата нема да поскапи

Од први јануари 2023 година согласно новата методологија на Регулатроната комисија за енергетика цената на електричната енергија ќе се намали за домаќинствата и за малите компании. Цената на струјата за домаќинствата во првиот блок од 1-ви јануари ќе се намали за 4,11 отсто, а за вториот блок за 2,95 отсто, велат од СДСМ.

– Тоа значи дека 99,2 отсто од домаќинствата, од следниот месец ќе добиваат пониски сметки за струја. Сериозно намалување на сметките за електрична енергија ќе има и за над 70.000 мали компании со што значително ќе им се помогне на семејните бизниси, истакнуваат од СДСМ и додаваат дека со ова паѓаат во вода лагите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека од први јануари ќе има сериозно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата.

Претходна вестВучиќ: Србите ќе ги тргнат барикадите, ние немаме никаква верба во Курти
Следна вестАкадемик Коцарев: Првиот човек на државата работи против македонизмот