Се повеќе заразени од Ковид – 19, вчера инфицирани 335 лица, двајца починати

Во изминатово деноноќие направени се 1.129 тестови, а регистрирани се нови 355 случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив најмногу имало во Скопје – 156, а потоа во Охрид – 32, Битола – 29, Кавадарци – 28, Куманово – 19, Велес – 18, Прилеп – 10, Тетово – 9, Струмица и Кочани – по 6, Гостивар – 5, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Валандово – по 4, Струга – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 2, Ресен и Свети Николе – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (355), регистрирани се 89 реинфекции.

Регистрирани се 145 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Кавадарци – 12, Куманово – 9, Битола, Прилеп, Гостивар и Штип – по 6, Велес – 5, Кичево – 4, Струмица – 2, Тетово, Гевгелија и Неготино – по 1.

-Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (75г), починат во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Струга (78г), починат во домашни услови на ден 30.06.2022, се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.402, бројот на оздравени пациенти е 304.599, на починати е 9.329, а бројот на активни случаи изнесува 1.474

 

Претходна вестВечерва пак ќе се протестира но со сменета маршрута
Следна вестАрсовска му порача на Таравари кадровските решенија да си ги поставува во Гостивар