Одамна помина 1-ви септември, но во Македонија наместо да почне учебната година се уште се чека изработката на национална платформа за онлајн настава. Ако е за утеха се најавува дека ќе била лесна за користење.
-Единствената национална платформа за онлајн настава ќе биде лесна за користење и за наставниците, учлениците и родителите, но и од страна на образовните институции, најави денеска министер за образование Мила Царовска. Таа рече дека ова платформа наскоро ќе биде промовирана.
– Она на што веќе го работам изминатите десеттина дена како итно и неодложно е воведување комбиниран модел за настава што дава можност за брзо прилагодување на училиштата за настава со физичко присуство и/или онлајн настава, како и за започнување на учебната година на 1 октомври. Пандемијата со Ковид-19 покажа колку е важно образовниот процес и систем да се менува и приспособува и осовременува постојано и токму тоа го правиме денес, рече Царовска.
Таа истакна дека во Македонија првпат ќе има ваква платформа која, како што потенцира, ќе биде едноставна за користење со двонасочна комуникација и направена на основа на добри практики.
–Ќе се користи и во време на ковид и но секако ќе биде важно да се појавува како поддршка на учењето во училница понатаму и надвор од неа, истакна министерката за образование и наука.
Инаку, нејзини приоритети во наредните 4 години ќе биле квалитетно образование за сите деца, еднаквост, воспитување и образование во духот на мултикултурализмот.