Се забрзува ротацијата на Марс, научниците не знаат која е причината

Планетата Марс се ротира побрзо и постепено се скратува траењето на денот на неа, откриле научниците. Црвената планета ја забрзува својата ротација околу четири милисекунди годишно, поради тоа што деновите се завршуваат порано за дел од милисекунда.

Промените се суптилни, а научниците кои ги проучуваат, не се сигурни за причината. Потенцијални причини може да бидат мразот кои се собира на планетата или т.н. постглациален скок, кога копнените маси се подигнуваат откако се затрупани со мраз.

НАСА тврди дека таквите поместувања во масата на планетата може да предизвикаат негово забрзување.

Претходна вестМосква повторно нападната: Два дрона се упатија кон главниот град на Русија, силите за воздушна одбрана ги соборија за 16 минути
Следна вестРасказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ избран за најдобар на отворениот конкурс во чест на Живко Чинго